Достапни линкови

Неделници - апсења и протести


Неколку стотина приврзаници на опозицијата протестираа пред Основниот суд Скопје во знак на солидардност со претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој беше уапсен на аеродромот во Виена.
Неколку стотина приврзаници на опозицијата протестираа пред Основниот суд Скопје во знак на солидардност со претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој беше уапсен на аеродромот во Виена.

Фокус прашува - Кој е следниот за апсење?, Република пишува за „Опозициската зависност од бојкот и протести“, а Глобус за апсењето на Шиповиќ.

Најновиот број на Фокус излезе со интересна насловна страница, на која првата полицајка, Гордана Јанкуловска, насмеана, држи топче од томбола во раката, а други топчиња со ликовите на Црвенковски, Жерновски и Заев се тркалаат во барабанот. Со крупни букви неделникот прашува: „Кој е следниот за апсење?“
Топчињата со ликовите се веќе нацртани, барабанот се врти. Кој е следен на листата за апсења?
Фокус.

Фокус - Шутка томбола

Насловната води кон уводникот насловен како: „Шутка томбола“ во кој, покрај другото, авторот пишува за градбата на кулата на Водно, речиси до крстот, која треба да чинела, без анекси, како што вели авторот, 17,6 милиони евра! Дали преродбеничката
Протест за поддршка на претседателот на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.
Протест за поддршка на претседателот на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.
чета можеше и мораше да покаже дека секогаш може повеќе од Љубчо, та крстот на Водно треба да падне во сенка? - прашува Фокус. Ама не, - одговара самиот - овој народ и натаму треба да се залажува со квази паролата, „овие барем градат“ додека зад параванот на овој фејслифтинг, тече Шутка томбола. Топчињата со ликовите се веќе нацртани, барабанот се врти. Кој е следен на листата за апсења? По Пајажина,
Лошата навика се дефинира како негативна шема во однесувањето, која со себе носи и негативни последици. Резултатот е очигледен - повеќегодишна апстиненција од власт.
Република.
Кампања, Ликвидација, Шпион, и Претседавач, следат ли Градоначалник и Државник?, прашува Фокус.

Република - Опозициска зависност од бојкот и протести

Република пишува за „Опозициската зависност од бојкот и протести“, текст во кој одбраните аналитичари, речиси сите на иста линија со уредувачката политика на неделникот, како што впрочем е вообичаено за нашите медиумски состојби, ги осудуваат потезите на опозициската СДСМ за изразување незадоволство од политичките апсења од страна на власта, како што велат опозиционерите. Лошата навика, пишува неделникот, се дефинира како негативна шема во однесувањето, која со себе носи и негативни последици. Резултатот е очигледен - повеќегодишна апстиненција од власт, заклучува Република.

Глобус - Насилството од 24 декември добива своја октомвриска реприза?

Глобус излегува со свое гледање на збиднувањата, во текстот со наслов: „Насилството од 24 декември добива своја октомвриска реприза?“. Имено, околу акцијата „Претседавач“ во која на виенскиот аеродром е уапсен претседавачот на Општина Центар, Шиповиќ, заради сомневање за извршени финансиски малверзации во „Машинопромет“ Глобус го цитира потпретседателот на СДСМ, Манчевски, кој вели дека Груевски реагира нервозно затоа што не може да се помири со фактот дека катастрофално изгуби во Центар на локалните, и покрај Пустец и братучед му Мијалков, потоа, со ревизијата на Скопје 2014 која покажа сериозен и масовен криминал, па Груевски ќе стори сè за да ја блокира работата на општината и да си купи уште малку време за прикривање на доказите. И трето, кога „генијалците“ го губат тлото под нозете упаѓаат од грешка во грешка. Сето ова што го прават во последниве неколку месеци на национално ниво, многу личи на ситуацијата во Центар за локалните избори, го цитира Глобус Манчевски.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG