Достапни линкови

logo-print

Најсовремен танц на „Локомоушн 6“


Од 19 до 25 октомври, во организација на „Локомотива“, во Младинскиот културен центар во Скопје, се одржува шестото издание на Интернационалниот фестивал за современ танц и перформанс „Локомоушн“ кој со години наназад не само што ги презентира најновите остварувања во доменот на изведувачките уметности, туку и развива дискурзивни пракси со кои се редефинирапозицијата на оваа современа уметничка форма во Европа и кај нас.

Шестото издание на Фестивалот за современ танц и перформанс „Локомоушн“ ја продолжува својата изворна заложба да ги претставува новините во овие изведувачки уметности. Од таму сосема разбирливо е што и овојпат на програмата се реномирани автори и кореографи од Европа, кои нудат нов, модерен уметнички израз преточен во танц и движење, преку кој се преиспитуваат актуелните концепти на уметничка продукција, трансдисциплинарните форми на изразување, како и релациите, начинот на комуникација и уметничко вреднување во современите општествени системи и позицијата на уметникот во нив.
Локомоушн 6 е важен затоа што носи нови и свежи продукции од европската сцена, тоа што кај нас ретко го гледа публиката и сметам дека токму поради тоа е многу битно опстојувањето на еден ваков фестивал во иднина.

Така во изминативе два дена, публиката во Младинскиот културен центар во Скопје, имаше можност да проследи две анагажирани и предизвикувачки изведби од еден исклучителен автор – Мартин Шик, истакнат танчер и кореограф од Швајцарија, кој подолго време живее и работи во Берлин.
Искра Шукарова, кореограф.

Искра Шукарова, кореограф.


Шик, најнапред го отвори Фестивалот со „Спектакуларен гледач“, интерактивна и практично насочена претстава (работилница за и околу публиката), за да наредниот ден го одигра и својот забавен перформанс „Полулебтехника – посткапитализам за почетници“ во кој го третира личниот просперитет и се бави со истражувањето на „повеќето“ и „малкуте“.
Ова навистина е ретка можност не само да се претстави современиот танц, туку и младите да ги претстават своите свежи идеи и дела кај нас.

Оваа техника по прв пат беше претставена во Амстердам минатата година и со неа сега уметникот ја одработува својата европска турнеја.

Од интернационалните проекти ќе ги проследиме и „Хетерономен маж“ на Мишел Турински од Австрија (всушност проекција на снимката од изведбата на перформансот на Импулс танц фестивалот 2013 што се одржа во Виена), потем настапот на францускиот уметнички колектив „Во потрага за подобар ...7“, кој доаѓа од регионот на Долна Нормандија и кој ќе понуди Мартин Шик, танчер и кореограф од Швајцарија, кој подолго време живее и работи во Берлин.

Мартин Шик, танчер и кореограф од Швајцарија, кој подолго време живее и работи во Берлин.

изведба инспирирана од случувањата по патот и од самото место каде што се игра претставата. Тие ќе имаат петдневна резиденција во МКЦ за финализирање на проектот, што потем сем скопската ќе го види и битолската публика.

За четврток е предвиден проектот „Место за движење“, всушност проекцијата на изведбата на перформансот и дискусијата за „Убавицата и ѕверот“ на Аманда Апетреа од Шведска и Исланџанката Хала Олафсдотир, добитнички на наградата „Градина на Европа“ за 2013 година, за да на затворањето на „Локомоушн 6“, на 25 октомври, го видиме и авторот и танчер Фуфа Д Имобилите од Женева со „Напротив“, кореографијата работена во филмско-продукуциски стил според делото на култниот Жан Лик Годар.

„Локомоушн 6 е важен затоа што носи нови и свежи продукции од европската сцена, тоа што кај нас ретко го гледа публиката и сметам дека токму поради тоа е многу битно опстојувањето на еден ваков фестивал во иднина. Овојпат подршката од Швајцарската културна програма, ни овозможи да имаме тамошни артисти, по чии остварувања мислам дека овој фестивал ќе се памети“, вели Искра Шукарова од Центарот за нови иницијативи „Локомотива“.

Инаку, во рамките на фестивалот на истата сцена каде што се случи и премиерата, во киното „Фросина“ во МКЦ, повторно ќе биде изведена и претстават „Елегија за Рамно“ на авторите Ребека Шантинел од Шведска и нашите Драгана Заревска, Јасна Димитровска и Дарко Алексовски, која преку личните искуства на учесниците се обидува да го одрази односот помеѓу хоризонталната организација предложена како концепт, и нејзините практини манифестации.
Au-Contraire. Sunčan Stone (CoFestival).

Au-Contraire. Sunčan Stone (CoFestival).


Згора на тоа со „Структуирана импровизација“, кореографијата на својата професорка Шукарова, ќе се претстават и студентите од Факултетот за музичка уметност, отсек за балетска педагогија.

„Фестивалот претставува платформа каде што имаме можност да запознаеме не само врвни уметници кои за прв пат доаѓаат во нашата земја, туку простор каде што студентите од одделот за балетска педагогија при ФМУ можат да ги прикажат своите етиди ии она што го работат преку цела година. Ова навистина е ретка можност не само да се претстави современиот танц, туку и младите да ги претстават своите свежи идеи и дела кај нас“, дополнува кореографката.

„Локомоушн 6“ финасиски е поддржан од: Штифтунг културскејпс Швајцарија, Прохелветиа, ЦИВИЦА Мобилитас, Министерство за култура на Република Македонија и Град Скопје.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG