Достапни линкови

Трета национална симулација „Модел Eвропски парламент“


Кога зборуваме за евроинтеграциите не значи Македонија да ја однесеме во Брисел, туку да го донесеме Брисел и сите европски главни градови во Скопје и да ги спроведуваме европските придобивки и политики кај нас. Ова го порача вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими во обраќањето на симулацијата „Модел Eвропски парламент“ што ја организира Меѓународното училиште НОВА, со поддршка од Секретаријатот за европски прашања.
На третата Национална сесија учествуваат околу 80 ученици од 21 среднo училиштe на Македонија. Најдобрите пет делегати ќе учествуваат во Интернационалната сесија на „Модел Европски Парламент“ во Вилнус, Литванија од 30 ноември до 7 декември.
XS
SM
MD
LG