Достапни линкови

logo-print

Парада на гордоста во Црна Гора


Во Подгорица се одржа Парадата на Гордоста која ја обезбедуваа две илјади полицајци. Противниците на Парадата се обидоа да го разбијат полицискиот кордон.

Парадата на стотина ЛГБТ активисти од целиот регион, амбасадори и јавни личности низ центарот на Подгорица заврши и мина без инциденти.
Полициските сили и нaтаму се присутни и распоредени во „концентричните кругови“, а цело време поворката ја надгледуваше и хеликоптер на полицијата.

Пред почетокот на парадата беше фрлен солзавец, а регистриарни се и неколку кошкања меѓу полицајците и противниците на парадата, кои се движеа во непосредна одалеченост од поворката. Противниците се обидоа да го разбијат полицискиот кордон.

ЛГБТ активистите носеа знамиња со боите на виножитото и транспаренти со натписи „Жена, мајка, лезбејка“ и „Геј е ОК“.

Црногорската полиција пред Парадата на Гордоста, која денеска по прв пат се одржа во Подгорица, приведе десетици лица.

Кај нив биле пронајдени молотови коктели и метални шипки, јавуваат медиумите од Црна Гора. Едно лице и само се повредило при правењето експлозивна направа која сакало да ја фрли врз учесниците на парадата.

Како и да е, за обезбедување на учесниците на првата геј парада во Подгорица, се ангажирани околу 2.000 полицајци.

Парадата на гордоста“ се смета дека е една од најризичните манифестации во Црна Гора.

Противниците на парадата упатија повик за одржување протести. Меѓу оние што се противат на одржувањето на геј собирањата е и поглаварот на православната црква Амфилохие.

Во јули кога таква парада се одржа во Будва полицијата се судри со анти геј протестантите кои ја нападнаа поворката на геј активистите.

Слична парада на Балканот требаше да се одржи во Србија во септември, но беше откажано од безбедносни причини, поради стравување да не се повтори насилството од парадата во 2010 година.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG