Достапни линкови

Во Луксембург се одржуваат предвремени парламентарни избори


Во Луксембург денеска се одржуваат предвремени парламенарни избори по големиот шпионски скандал во таа земја. Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер бара да биде реизбран. Тој ја изгуби поддршката од неговата коалиција во јули кога Парламентот утврди дека тој има политичка одговорност за прислушувањето на телефонските разговори од страна на разузнавачките служби. Премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер, 18 години ја извршува функцијата, што е најдолг мандат на еден европски лидер.
XS
SM
MD
LG