Достапни линкови

Премиерот на Пакистан Шариф во посета на Вашингтон


Премиерот на Пакистан Наваз Шариф е во посета на Вашингтон, каде што централна тема на разговорите со американски претставници треба да биде борбата против тероризмот. Наваз Шариф во Вашингтон денеска треба да има разговори со Американскиот државен секретар Џон Кери, а в среда и со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа. Во фокусот на разговорите треба да биде ситуацијата во Авганистан. Тема ќе биде повлекувањето на трупите од Авганистан што треба да заврши до крајот на 2014 година. Се очекува пакистанскиот лидер да ја нагласи загриженоста поради американските воздушни напади врз милитантите во пакистанската територија во близина на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG