Достапни линкови

Индискиот премиер Манмохан Синг пристигнува во Русија


.

.

Индискиот премиер Манмохан Синг пристигнува во тридневна официјална посета на Русија, каде што ќе учествува на годишниот Руско-Индиски самит. Во Москва Синг утре треба да има средба со претседателот Владимир Путин. Се очекува во фокусот на разговорите да биде зацврстувањето на трговските врски меѓу двете држави, вклучително и за руската испорака на оружје и воена опрема во Индија. Тема на дискусија треба да биде и руската вклученост во изградбата на индиската нуклеарна централа. Двете страни треба да зборуваат и за повлекувањето на странските мисиии од Авганистан во 2014 година.
XS
SM
MD
LG