Достапни линкови

Турските пилоти и либанските верници се вратија дома


Двајцата турски пилоти, кои беа киднапирани и држени како заложници од екстремисти во Либан од август, се вратија во својата татковина.
Турските телевизии синоќа во живо го пренесуваа пристигнувањето на Мурат Акпанар и Мурат Агџа на аеродромот во Истанбул со катарски приватен авион.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и други официјални лица ги пречекаа на пистата. Пилотите беа ослободени во рамките на договорот, со кој се обезбеди ослободување на деветмина либански верници, киднапирани во Сирија.Либанските верници беа обвинувани од сириските бунтовници дека се приврзаници на милитантите на Хезболах кои го подржуваат сирискиот претседател Башар Ал Асад. Турција ги подржува сириските бунтовници.
XS
SM
MD
LG