Достапни линкови

logo-print

Русокосо девојче најдено во ромска населба во Грција


Грчката полиција побара меѓународна помош во откривањето на идентитетот на едно русокосо девојче најдено во ромска населба кај Лариса во централниот дел на Грција. ДНК анализата покажала дека мажот и жената во чија куќа живеело девојчето не се во никакво сродство со неа. Девојчето, кое се вика Марија, има четири години, нагласено руса коса и сини очи. Девојчето е префрлено во хуманитарен центар од каде е покрената потрагата по родителите на Марија. Социјалните служби стравуваат дека девојчето можеби е жртва на киднапирање или трговија со луѓе. Девојчето е откриено при полициска интервенција во ромската населба во потрага по осомничени криминалци.
XS
SM
MD
LG