Достапни линкови

Азербејџан-Алиев положи заклетва за третиот мандат


Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска положи заклетва за третиот мандат, по победата на претседателските избори на 9 октомври. Церемонијата се одржа во Парламентот.
Алиев рече дека ќе го почитува уставот на земјата и ќе ги штити независноста и територијалниот интегритет на Азербејџан. Алиев во 2003 година ја наследи функцијата претседател од неговиот татко и од тогаш е на власт. Тој изборите ги доби со 85 проценти од гласовите. Кандидатот на опозицијата Џамил Хасанли освои само 5 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG