Достапни линкови

Силна експлозија во Дамаск


Најмалку 16 војници денеска се убиени во самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на контролен пункт во Дамаск, јавија сириските невладини оргнизации. Експлозијата одекнала на влезот од областа Џарамана што е претежно населена со христијани, но засега нема други детали. Оваа област често е мета на бомбашки напади што ги извршуваат исламските бунтовници.
Сирискиот претседател Башар Ал Асад често ја нагласува поддршката за етничките и религиозните малцинства во таа земја, вклучително и за христијаните. Во исламистичките бунтовнички движења најмногубројни се сунитските муслимани.
XS
SM
MD
LG