Достапни линкови

Утре средба Кери- Шариф


Американскиот државен секретар Џон Кери утре треба да има разговори со пакистанскиот премиер Наваз Шариф во Вашингтон. До разговорите доаѓа пред заминувањето на Кери во посета на Европа. Шариф в среда треба да има средба и со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа.
Шариф беше избран во мај, а администрацијата на Обама ја поддржа неговата влада. Во фокусот на разговорите треба да биде ситуацијата во Авганистан. Тема ќе биде повлекувањето на трупите од Авганистан што треба да заврши до крајот на 2014 година, а треба да стане збор и за соработката во борбата против тероризмот, како и за воздушните напади врз милитантите во Пакистан.
XS
SM
MD
LG