Достапни линкови

Поплави во Истанбул


Поројните дождови што синоќа го зафатија реонот на Истанбул, предизвикаа поплави во повеќе делови на најголемиот град во Турција. Поради поројните дождови илјадници возила со часови останаа блокирани во неколку километри долгата колона на главниот автопат што минува низ азискиот дел на Истанбул. Поплавени се десетици згради во истанбулските населби Јумрание, Пендик и Картал, а локалните власти поставија метални огради со што во текот на минатата ноќ ги блокираа поплавените реони.
Поради силниот ветер со кој беа проследени врнежите во текот на ноќта беше забрането движењето на траектите и бродовите низ Мраморното Море.
XS
SM
MD
LG