Достапни линкови

Авганистан - САД: воздушните операции ќе се изведуваат од Романија


САД постигнаа договор со сојузникот од НАТО, Романија да ја користат нејзината воздушната база кај Црното Море како транзитен центар за американските трупи кои ќе си заминуваат од Авганистан. Со ова САД најдоа замена за транзитниот центар во Киргистан, Манас. САД имаат договор да го користат Манас до јули 2014. САД и нивните сојузници треба да го напуштат Авганистан до крајот на наредната година. Амриканскиот секретар за одбрана Чак Хејгел имаше разговори во Вашингтон со неговиот романски колега Мирчеа Дуса. Во соопштението од Пентагон се наведува дека двете страни го финализирале договорот за логистичката подршка на Романија.
XS
SM
MD
LG