Достапни линкови

logo-print

Коце Трајановски во посета на Атина


Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска во Атина се сретна со градоначалникот на Јоргос Каминис, јави дописникот на МИА од Атина.
На средбата е разговарано за соработката на Градот Скопје со Градот Атина, за заеднички протекти кои ќе можат да ги реализираат двата града и за поблиска соработка меѓу нив.
Трајановски го покани Каминис, кој веќе бил во Македонија, да го посети Скопје, со цел продлабочување на соработката.

Каминис рече дека ја прифатил поканата на скопскиот градоначалник и оти ќе му биде драго да ја посети нашата земја. Тој информира дека средбата поминала во многу добра атмосфера и оти разговарале за заедничките проблеми на двата града. Токму затоа, градоначалниците наоѓаат заедничка основа врз која меѓусебно се разбираат.
- Целосно сме свесни за фактот дека соработката меѓу градовите може да биде многу полесна од соработката меѓу земјите, без формалности и со осврнување на конкретни прашања кои се заеднички за градовите. На таков начин се подготвуваме ние самите, и на некој начин ги подготвуваме и нашите земји подобро да се разберат меѓу себе, изјави атинскиот градоначалник по средбата.
Градоначаникот на Скопје Коце Трајановски денеска во Атина учествуваше на 15. Конференција на Унијата на главни градови на земјите на Централна и Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG