Достапни линкови

logo-print

Средба Ахмети - Волерс


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска разговарал со американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс за политичката ситуација во земјата. Како што соопштија од ДУИ, американскиот амбасадор изразил заинтересираност околу посетите на Ахмети но Брисел, Хаг и Париз како и околу оценката на лидерот на ДУИ за извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија.
Ахмети ја подвлекол значајноста на исполнување на потребните реформи, но инсистирал на концентрирање на сите домашни и меѓународни напори во решавањето на прашањето со името како главната и најзаначајна пречка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Амбасадорот Волерс ја повторил американската поддршка за евроатлантските перспективи на Македонија при што ја подвлекол потребата од постигнување напредок во правец на решавање на прашањето со името, но истовремено и за адресирање на препораките од извештајот за напредокот на земјава во врска со реформите на судството, владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите..., информираат од ДУИ.
XS
SM
MD
LG