Достапни линкови

Груевски: Отавката на Кондарко е со цел да бидат спречени превремени избори


Борис Кондарко не треба понизно да постапува по одлуката на СДСМ затоа што тој е на државна функција и одговара пред граѓаните, смета премиерот Никола Груевски во врска со оставката на Кондарко од функцијата претседател на Државната изборна комисија.
- Опозицијата во Македонија е во непријатна ситуација затоа што со години не може да ја придобие довербата на граѓаните и секогаш кога се доближуваат избори се обидуваат да направат политичка криза со цел да најдат свое алиби за поразот и со цел доколку има некакви можности за предвремени избори да ги спречат тие предвремени избори, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Битолско.

Борис Кондарко денеска соопшти дека си поднесува оставка од ДИк од лични причини, СДСМ најави дека ќе ја разгледа можноста за избор на нов претседател на ДИК.
XS
SM
MD
LG