Достапни линкови

logo-print

Кривична пријава од СДСМ за министерката Канчевска Милеска


СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека поднесува усна кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против министерот за култура на Република Македонија - Елизабета Канчевска Милеска за проектот „Скопје 2014“.
Оливер Спасовски, генерален секретар на партијата изјави дека пријавата ја иницираат бидејќи имаат основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, за нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милјарди денари или повеќе од 58 милиони евра.
- Се сомневаме дека спротивно на членовите 3, 4, 5 и член 8 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја (ЗМССО) министерката учествувала, поттикнала и ја злоупотребила својата функција на начин што во име на Министерството доставиле 13 иницијативи до општина Центар за подигање на 22 спомен-обележја, иако од содржината на истите и описот на ликовите даден во иницијативите произлегува дека се работи за изградба на меморијални споменици, за кои општината не е надлежна туку Собранието на РМ и тоа свесно знаејќи дека за секој споменик поединечно Собранието мора да донесе одлука и тоа со Бадентерово мнозинство, изјави Спасовски.
СДСМ бара итно постапување на МВР и Јавното Обвинителство, со што, според нив, би докажале дека немаат селективен пристап и дека сите се еднакви пред законот
XS
SM
MD
LG