Достапни линкови

Доволно од реформа овде, реформа онде


Мила Царовска, програмски координатор во невладината организација ХЕРА Скопје.

Мила Царовска, програмски координатор во невладината организација ХЕРА Скопје.

Релативната сиромаштија порасна од 19,0% во 1997 година на 30,4% во 2011 години, две декади невработеноста не се спушта под 30%, бројот на приматели на социјална парична помош драстично се намали за 40% во периодот 2007-2012. Каде ли исчезнаа примателите на социјална помош?, пишува Мила Царовска од ХЕРА во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Размислував како да започнам со колумната и решив со првото прашање што постојано ми се врти во глава кога мислам на оваа тема, а тоа е колку сум јас сиромашна, колку се моите пријатели, колку се соседите, а колку се сиромашни оние кои питаат по улица, свират на плоштад или пак собираат пластика од контејнерите.
Релативната сиромаштија порасна од 19,0% во 1997 година на 30,4% во 2011 години, две декади невработеноста не се спушта под 30%, бројот на приматели на социјална парична помош драстично се намали за 40% во периодот 2007-2012. Каде ли исчезнаа примателите на социјална помош?

И одговор нема, ние немаме јасна слика колку сме богати или сиромашни и на кого каква поддршка од државата му е потребна за да може да живее достоинствено. Ова го зборуваат и различните извештаи кои може да ги прочитате. Јас еве ќе издвојам некои бројки што можеби ќе ве шокираат, а можеби и не. Тоа зависи колку вие што ќе ја прочитате колумната ги живеете овие шокантни бројки и вашето семејство ги доживува како реалност или само ги читате како државна статистика која не ве допира.

Релативната сиромаштија порасна од 19,0% во 1997 година на 30,4% во 2011 години, две декади невработеноста не се спушта под 30%, бројот на приматели на социјална парична помош драстично се намали за 40% во периодот 2007-2012. Каде ли исчезнаа примателите на социјална помош?

Потрошувачката кошничка за живот која ја пресмета ССМ е 3 пати поголема од висината на минималната плата утврдена со закон на која ССМ се согласи .
Највисоката нето -плата во 2011 година беше 245 пати повисока од просечната плата и 631 пати повисока од минималната плата во повеќето сектори.
Џини индексот (индекс за неадекватнана распределба на богатството во една држава) во 1998 година беше 28,1, а во 2009 година беше 43.

Најново според Државниот завод за статистика во Македонија 1,1 милион граѓани или 55 отсто од граѓаните не можат да си дозволат секој втор ден да платат јадење со месо, риба или соодветен вегетаријански оброк.

Епа драги мои државници верувам бројките Ви дадоа слика за гладот и напредокот на сиромаштијата во Македонија.

И после се ова не ми е јасно од каде ви е правото да се расфрлате со реформа овде реформа онде, реформа горе и реформа доле. За какви и за кои реформи ми зборувате, за реформи на политизираните синдикати, за купените приматели на социјална помош за нерешеното прашање на стечајците, за се поголемата маргинализација на исклучените групи на граѓани. Ако за тоа зборувате тогаш може да се честитаат успешните реформи. Но, ако се обидувате да ми раскажете дека живеам побогато и дека целава држава има поголем економски раст, дека имаме развој поголем од сите балкански земји, дека во Македонија економската криза не се ни осетила е тогаш јас се срамам од вашите лаги.
Реорганизирајте се направете реформа која ќе донесе вистинско унапредување на квалитетот на живот, не бараме од вас да измислите нови модели за намалување на сиромаштијата, погледнете ги примерите на Австрија, Шпанија, Шведска.

Македонија не ја осети економската криза затоа што јавна тајна е дека ние 20 години сме во економска криза со истите статистики за невработеност, сиромаштија и економски раст, што во секоја европска земја би го запалило црвениот аларм. Само кај нас државата место реформи се труди на секој можен начин да смисли квази механизми за зачувување на социјалниот мир и кога тоа не ñ успева нуди драстични мерки за заплашување и ширење страв како граѓаните би се уќуткале и затуткале во своите глувчешки дупчиња.

Па дај ве молам реорганизирајте се направете реформа која ќе донесе вистинско унапредување на квалитетот на живот, не бараме од вас да измислите нови модели за намалување на сиромаштијата, погледнете ги примерите на Австрија, Шпанија, Шведска консултирајте се со вашите колеги и донесете конечна паметна одлука за доброто на овој народ, за оваа беда и сиромаштија. Погледнете ја стратегијата за активно вклучување на европската комисија, понудете пристап до квалитетни сервиси, поддршка за добивање квалитетна работа преку инклузивен пазар на труд и минимален достоинствен приход (МДП).

Кратко дообјаснување, минималниот достоинствен приход не е минималната плата со која се расфрлате дека сте ја загарантирале со закон, а со која не само што не смеете да се гордеете туку и треба да се срамите. МДП е поим што обично се користи за да се опише исплатата од страна на државата која функционира како „сигурносна мрежа“ за луѓето кои не можат да работат или немаат пристап до пристојна работа. Ова примање е крајна опција‘ или социјална помош која е социјално право, еден од носечките ѕидови на државата на благосостојба и суштинска основа за осигурување на правото за достоен живот на сите. Ако навистина сакате да не спасите од сиромаштија воведете го овој клучен инструмент за спречувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост. Овој модел нуди долгорочна сигурност што е потребна на патот кон вработување, поголемо општествено учество или други видови вклученост. Ќе биде катализатор на фер плати, кога нивото на платите е поврзано во позитивна хиерархија со пристојното ниво на минималниот приход. Ќе се осигури нужна основа за потрошувачката што ја поддржува економијата.

Не го правете ова само за да се покажете пред европската комисија, која ќе ве „потапшa“. Направете го за нас, направете го за граѓаните. Затоа што нивните изјави за животот во Македонија се следни:

„Живот катастрофален, немаме никаков живот, уствари, кучињата што се кај нас подобро живеат од нас што сме тука“ - Член на семејство со 7 деца невработен.

„Кога ќе сфатам како живеам нешто внатре ме кине, бидејќи немам средства да си го прехранам семејството. Јас сум пензионер и имaв достоинство, порано имав многу желба за творење, за љубов, за живеење сега тоа го нема бидејќи немам средства основните потреби да си ги подмирам за себе, за моето семејство. Тоа е тешко, не да е бедно, не да е јадно“, пензионер.

„Страв имаме од иднината, а сме толку млади. Сега се секираш за себе, а утре ќе треба да се секираш за уште двајца, тројца. А за некое време родителите ќе ни поминат во друга фаза и ќе треба ние да им помагаме на нив ”, млад човек.

Ова е големото БЛАГОДАРАМ од граѓаните за вашите „успешни“ реформи.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG