Достапни линкови

logo-print

Аљокина - не барам ослободување


Марија Аљокина

Марија Аљокина

Членката на Пуси Рајот групата Марија Аљокина изјави дека го повлекла барањето за за поблага казна на сослушувањето во Нижни Новгород.
Таа изјави дека нема морално право на тоа додека нејзината колешка од бендот Надежда Toлоконикова тоа не може да го направи бидејки е во болница поради штрајкот со глад.
Аљокина порача и дека ако руските власти се согласат да ја ослободат тоа треба да е дел од широка амнестија.
Трите членки на Пуси Рајот беа осудени на две години затвор во август 2012 година за "хулиганство" и "поттикнување верска омраза." Екатерина Самутсиевиќ подоцна беше ослободен со условна казна.
XS
SM
MD
LG