Достапни линкови

logo-print

Канада и ЕУ - договор за слободна трговија


Европската унија и Канада се очекува да ги финишираат преговорите за Договор за слободна трговија на денешната средба во Брисел меѓу канадскиот премиер Стивен Харпер и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Со договорот ќе се елиминираат тарифите за размена на речиси сите стоки и услуги меѓу двете страни, и ќе се обезбедат поголеми квоти поголеми квоти за извоз на млечни производи од ЕУ во Канада и увоз на канадско говедско и свинско месо. Билатералната трговија меѓу 35 милионската Канада и 500 милионската ЕУ во 2012 изнесувала 85 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG