Достапни линкови

Путин воведува „супер суд“


Владимир Путин

Владимир Путин

Претседателот Владимир Путин поднесе до Државната Дума амандмани на Уставот за спојување на двата најважни руски суда во еден „супер“ Врховен суд. Критичарите велат дека ваквиот потег е повеќе раководен од политички отколку од правни причини.

Рускиот Врховен арбитражен суд се смета за најнепартиски суд во земјата. Но, по се изгледа, веќе нема да биде така. Кремљ деновиве поднесе предлог до Думата за бришење на ова тело кое ги решава економските спорови и тоа ќе се спои со Врховниот суд. Со ова се создава единствен супер суд составен од 170 судии кои ќе судат од кривични, преку граѓански и администравни до економски случаи.

Авторите на предлогот велат дека со тоа ќе се намалат недоследностите во судските одлуки, но критичарите сметаат дека тоа е обид на Кремљ за натамошна федерализација на правниот систем за кој се смета дека под контрола на претседателот Владимир Путин.
Јас сум многу вознемирен, бидејќи не гледам никаква полза. Врховниот суд ќе има 170 судии и не знам како ќе функционира?

„Централизацијата на судовите почна пред 15 години. Она што се случува сега е само продолжување на обидите судовите да се стават под контрола на бирократскиот систем“, вели Вадим Клиувгант, адвокат од Москва.

Предложените промени исто така ќе му дадат на претседателот Путин право директно да поставува обвинители во руските региони.

Ова право сега го има државниот јавен обвинител. Бидејќи станува збор за уставни промени, за да бидат преточени во закон е неопходно двотретинско мнозинство во Думата и четири третини од гласовите во Советот на Федерацијата.

Путин за прв пат ги предложи промените во јуни годинава, на економскиот самит во Санкт Петербург, забележувајќи дека постоела недоследност меѓу двата постојни суда.

„Луѓето незадоволни од пресудата во еден суд, одат на арбитажа кај другиот кој често пати пресудува сосема поинаку“, изјави Путин.

Врховниот арбитражен суд чиј претседател е Антон Иванов, кој студирал право заедно со премиерот Дмитри Медведев се смета за најнепартиски дел од рускиот правен систем.
Дмитри Медведев

Дмитри Медведев


„Не слушнав за ниту една полза од оваа таканаречена реформа. Јас сум многу вознемирен, бидејќи не гледам никаква полза. Врховниот суд ќе има 170 судии и не знам како ќе функционира? Како ќе заседаваат за да разговараат за случаите?“, вели адвокатот Вадим Клиувгант.

Дел од аналитичарите во Русија зад сето ова гледаат и своевидна политичка интрига.

Весникот „Ведомости“ шпекулира дека предложените промени би можело да се обиди за ослабување на позицијата на Медведев, чиј пријател раководи со Арбитражниот суд.

Од друга страна, има и мислења дека новиот супер суд всушност се формира токму како резервна позиција за Медведев. „Жално е што Кремљ не се сети на некој поевтин начин за да го смени премиерот“, пишува дневникот „Московски комсомолец“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG