Достапни линкови

logo-print

Сноуден тврди дека Русија и Кина немаат американски тајни документи


Поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден е сигурен дека Кина и Русија немаат копии од тајните документи кои американецот ги преснимал од Националната агенција за безбедност на САД. Во интервју за Њујорк Тајмс Сноуден вели дека предал дел од документите на новинари во Хонг Конг пред да одлета за Москва. Тој додава дека успеал да ги заштити информациите од кинески шпиони. Поранешниот соработник на тајните служби, кој доби привремен азил во Русија, смета дека не постојат шанси Русија и Кина да добијат пристап до документите кои се во негова сопственост.
XS
SM
MD
LG