Достапни линкови

Извештајот на ЕК во фокусот на дневниот печат


Евроамбасадорот Аиво Орав вчера му го предаде извештајот на ЕК на премиерот Никола Груевски.

Евроамбасадорот Аиво Орав вчера му го предаде извештајот на ЕК на премиерот Никола Груевски.

Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија стигна, и како и секоја година, медиумите со различни оценки дали тој е позитивен или негативен.

Позитивен или негативен е најновиот извештај на Европската комисија за Македонија? Богами, ако се следат медиумите, тоа тешко може да се открие. Но, датум пак нема. Не навлегувајќи во објаснувањето на причините, веројатно познати на реалните набљудувачи на работите, еве некои од насловите во печатените медиуми.
Филе ги искара и Македонија и ЕУ - во извештајот има сериозни критики за состојбата во медиумите, администрацијата, судството и за задолжувањето на Владата.

Утрински пишува: „Петта препорака за Македонија од Европската комисија - името останува услов“; Дневник: „ЕК препорача Македонија да го почне скрининг процесот и преговорите со ЕУ“; само Нова Македонија во насловот информира дека во извештајот има сериозни критики за состојбите во земјава: „Филе ги искара и Македонија и ЕУ - во извештајот има сериозни критики за состојбата во медиумите, администрацијата, судството и за задолжувањето на Владата“.
Сто милиони долари одлетале од Македонија во даночните раеви - најмногу пари од нашата земја лани заминале на Сент Винсент и Гренадини.

Утрински во посебен текст ги анализира забелешките за економските состојби во земјава, ставајќи во наслов: „Загрижувачки е растот на долгот“. Дневник во наслов го цитира премиерот Груевски дека „Невработеноста е намалена за 9,2 отсто и тоа во услови на криза“.

Сите весници објавија дека агенцијата Фич го потврдила стабилниот кредитен рејтинг на земјава на ББ+. Но затоа, „Сто милиони долари одлетале од Македонија во даночните раеви - најмногу пари од нашата земја лани заминале на Сент Винсент и Гренадини“ - информира Утрински.

Најновата афера со претседавачот во Општина Центар, Шиповиќ си трае и веројатно ќе биде во фокусот уште некој ден: „Шиповиќ уапсен на аеродромот во Виена пред да се качи на авион за Скопје“ - објави Утрински. Дневник прашува: „Зошто ослободување од притвор само за Шиповиќ?“, информирајќи за протестите на СДСМ пред судот, па наведува дека се уапсени уште неколкумина обвинети за финансиски криминал во една скопска фирма. „Веќе видено сценарио - на СДСМ а му спомнеш суд, тој на улица!“, гласи еден наслов во Вечер. Нова Македонија објавува интервју со Зоран Заев и во насловот ги цитира неговите зборови: „Сите што не се членови на фамилијата носат жолта лента“.

А дали Борис Кондарко поднесува оставка од функцијата претседател на ДИК од лични причини, како што објавува Дневник или поради тоа што нема можност да дејствува на прочистувањето на Избирачкиот список, како што изјави лидерот на СДСМ, Заев, и како што објави Утрински, се чини останува на лична проценка на секој конзумент на веста.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG