Достапни линкови

logo-print

Обама: „заканата за банкрот е остранета, но никој не е победник’


Ова двојна закана за нашата економија е остранета и сакам да им се заблагодарам на оние демократи и републиканци кои ја завршија оваа работа, изјави вечерва американскиот претседател Барак Обама по повод договорот во Конгресот за продолжено финансирање на владата

Имено стотици илјадници вработени во владиниот сектор во САД се враќаат да работа откако претседателот Барак Обама го потпиша законот со кој стави крај на 16-дневната делумна блокада на владата и се избегна банкротот.

„Тука нема победници, Овие две недели беа непотребни и на штета на нашата економија. Немаме уште целосни проценки но секој аналитичар верува дека растежот ќе биде забавен“, рече Обама

Со договорот му се дозволува на Министерството за финансии да позајмува нормално до 7 февруари, со можност за уште еден дополнителен месец.
XS
SM
MD
LG