Достапни линкови

СДСМ: помал данок за сиромашните, поголем за богатите


Праведен данок на доход, ослободување од плаќање данок, развоен данок и праведен данок на имот, се новите мерки од даночната политика во новата програма на опозициската СДСМ, што денеска ги презентира лидерот на партијата Зоран Заев.
Мерките ќе придонесат за праведна распределба на доходот и богатството во нашата земја и враќање на средната класа во општеството, рече на прес-конференција Заев, кој очекува претставниците на Владата да прифатат суштинска дебата за предлозите.
СДСМ на пример предлага за вкупен годишен приход на секој граѓанин до 720.000 денари, или околу 12.000 евра, персоналниот данок на доход да се плаќа по стапка од 9 проценти, а над таа сума 18 проценти.
Тоа значи дека повеќе од 80 проценти од граѓаните ќе плаќаат помал данок од досегашниот, а само најбогатите ќе плаќат повеќе, информира Заев.
XS
SM
MD
LG