Достапни линкови

Грците донесоа храна пред Министерството за финансии


Вработените во органите на локалната власт на Грција денеска донесоа храна пред зградата на Министерството за финансии во Атина, откако ресорниот минисер Јанис Стурнарас минатата недела изјави дека и неговото семејство, како и другите Грци, страда поради економската криза.
Стурнарас во телевизиска емисија изјави дека знае како е да се живее со 500 евра месечно а неговите зборови предизвикаа незадоволство во државата, во која многумина ги обвинуваат политичарите дека живеат многу подобро од другите граѓани, кои се борат со економската криза.
XS
SM
MD
LG