Достапни линкови

logo-print

Визуелно востание на „Цивил“ во Мала станица


Четири мултимедијални изложби ќе бидат едновремено отворени на 18 октомври, во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар „Мала станица“ во Скопје. Станува збор за уметничките концепти на Маја Стефановска, Харалд Шенкер, Александра Милошевиќ и Џабир Дерала кои се инспирирани од стремежите за човековите права, а постановките и перформансите се дел од проектот „Проговори!“ на „Цивил – Центар за слобода“.

„Молк“ на Маја Стефановска, „Човекови права“ на Харалд Шенкер, „Обратно од човечност“ на Александра Маја Милошевиќ и „Ние сме вистината“ на Џабир Дерала, се четирите ангажирани уметнички концепти кои овој петок едновремено ќе бидат претставени во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Станува збор за дела во кои до израз доаѓаат стремежите за човековите права и кои се дел од проектот „Проговори“ на Центарот за слобода, организација за човекови права и слободи и контрола на оружјето -„Цивил“ кој, патем, е подржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Суштината на овој проект е всушност една концепција на „Цивил“ која датира од неговото основање пред 14 години, а тоа е да се употребат алатките како што се уметноста и креативноста за да може да се промовираат и одбранат човековите права и слободи. Да се поттикнат луѓето да размислуваат и да делуваат солидарно, едни со други, и се разбира како една силна, моќна порака која може да придонесе во голем дел во промоција на мирот, толеранцијата и секако контролата на оружјето.

„Суштината на овој проект е всушност една концепција на „Цивил“ која датира од неговото основање пред 14 години, а тоа е да се употребат алатките како што се уметноста и креативноста за да може да се промовираат и одбранат човековите права и слободи. Да се поттикнат луѓето да размислуваат и да делуваат солидарно, едни со други, и се разбира како една силна, моќна порака која може да придонесе во голем дел во промоција на мирот, толеранцијата и секако контролата на оружјето“, истакнува Џабир Дерала.
Џабир Дерала.

Џабир Дерала.


Поетот и прв човек на „Цивил“ дополнува дека по прв пат, иако малку задоцнето, иницијативата на невладината организација ги мобилизира уметниците и креативците во Македонија да творат во одбрана на човековите права и слободи, бидејќи тие како општествени битија се повикани да го искажат својот став и да бидат огледало за тоа што се случува околу нив.
Може и со молчење да се реагира на одредена ситуација. И тоа е еден став, а исто така значи дека ова е еден обид да се отслика стравот на луѓето да проговорат за суштинските работи.

„Оваа иницијатива е враќање на општествената позиција и улогата на уметникот и интелектуалецот во поширока смисла на зборот во македонското општество, бидејќи сведоци сме дека со децении трае една зачмаеност, едно потполно обезличување на тоа што значи уметник, што значи креативец, што значи интелектуалец во едно општество. Тие долго се занимаваат со теми кои не го допираат вистинскиот живот“, вели тој.

Дерала на ова своевидно уметничко востание ќе се пројави со уште едно издание на неговиот сатиричен проект „Ние сме вистината“ кој се состои од неколку експонати од фотографии, визуелна поезија и пораки, како и поетско-сценски перформанс.

Од друга страна, Шенкер се претставува со изложба на фотографии (придружени со пораки кои на несекојдневен начин ги контемплираат и коментираат актуелните состојби ) под наслов „Човечки права“, Милошевиќ ќе понуди девет дела во комбинирана техника озаглавени како „Обратно од човечност“, а Стефановска со своите слики и со краткиот уметнички филм заеднички именувани како „Молк“.

Уметницата истакнува дека нејзиниот концепт е инспириран од делото на норвешкиот сликар Едвард Мунк - „Крик“, со тоа што таа тргнала во обратна насока и сакала работите да не ги гледа само локално туку на глобален план.

„Може и со молчење да се реагира на одредена ситуација. И тоа е еден став, а исто така значи дека ова е еден обид да се отслика стравот на луѓето да проговорат за суштинските работи“, вели Стефановски.

Инаку, „Проговори“ како проект на „Цивил“ започна во април годинава и досега покрај неколкуте јавни настапи, конференции и поетски перформанси под заедничко име „Стихови на слободата“, се одржаа и дебатата на тема „Улогата на уметниците во одбрана на човековите права“ и на крајот на септември, изложбата „Емпатија за мртвите“ на Мирослав Стојановиќ – Шуки во скопскиот клуб „Менада“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG