Достапни линкови

logo-print

Венизелос: Европскиот совет го има последниот збор


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

„Ставот на Грција е добро познат: Европската комисија ги испраќа извештаите до Советот кој е рамката во која земјите членки на Унијата ќе ги додадат своите гледишта и ќе донесат одлуки врз основа на Копенхашките критериуми.“ Ова денеска во Атина го изјави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос по средбата со шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин, во врска со извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. Вигенин, од своја страна, изјави дека во регионот се гледа позитивен развој на настаните, кој Европската комисија го препозна. „Добро го знаете нашиот став за Македонија. Се уште преговараме за договорот за соработка и добрососедски односи и очекуваме овој процес да се забрза“, рече шефот на бугарската дипломатија.
XS
SM
MD
LG