Достапни линкови

Мировни разговори за Сирија кон крајот на ноември


Заменик премиерот на Сирија Кадри Џамил

Заменик премиерот на Сирија Кадри Џамил

Заменик премиерот на Сирија Кадри Џамил денеска во Москва изјави дека новата рунда мировни разговори за неговата земја ќе се одржат на 23 и 24 ноември во Женева. Засега нема потврда за терминот од Обединетите нации. Генералниот секретар Бан Ки Мун вчера изјави дека се обидува состанокот да се одржи што е можно побргу. Во меѓувреме, Организацијата за забрана на хемиското оружје денеска соопшти дека ја завршила контролата на половина од местата кои сириската влада ги посочила дека има хемиски арсенал.
XS
SM
MD
LG