Достапни линкови

Автомобил бомба во Ирак, 15 загинати


Во експлозија на автомобил бомба денеска во едно село на северот на Ирак биле убиени 15 луѓе, а пеесетина други биле ранети, соопштија полициски извори. Станува збор за самоубиствен напад. Ирак во последно време се соочува со најжесток бран насилство од 2008 година кога беше на работ на верска војна. Според податоците на мисијата на Обединетите нации во Ирак, од почетокот на годинава досега во таа земја биле убиени скоро 6 илјади цивили.
XS
SM
MD
LG