Достапни линкови

НСА работела со ЦИА во нападите со беспилотни летала


седиштето на НСА

седиштето на НСА

Американската Агенција за национална безбедност НСА и помагала на ЦИА во откривањето милитанти на Ал Каеда кои биле цел на напади со беспилотни летала. Ова го пишува весникот „Вашингтон пост“ кој цитира документи обелоденети од поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден, кој е во бегство во Русија. Во нив се гледало дека нападите биле многу тесно поврзани со податоци за телефонски разговори и електронска пошта собрани од НСА.
XS
SM
MD
LG