Достапни линкови

Турција гранатирала позиции на сириски бунтовници


S

S

Турската војска соопшти дека гранатирала позиции во Сирија. Се прецизира дека тоа било откако неколку гранати истрелани од позиции кои се под контрола на Исламската држава Ирак и Левант, фракција на Ал Каеда паднале во близина на границата со Турција. За прв пат Турција била нападната од сириски бунтовници кои се поврзани со Ал Каеда. Турција неколку пати вршела артилериски напади врз сириска територија, но како одговор на нападите на владините сили. Турција ги поддржува бунтовниците во конфликтот против владата, но не и оние што се поврзани со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG