Достапни линкови

logo-print

Бразил ќе купува оружје од Русија


Бразилскиот министер за одбрана Келсо Аморин изјави дека земјата планира да купи руски противавионски проектили во вредност од една милијарда долари. Според него, договорот би требало да биде потпишан до средината на наредната година. Аморин порача дека Бразил сака да оствари стратешко партнерство со Русија базирано на заеднички развој на технологијата.
Бразил се обидува да ги зајакне своите борбени способности додека се подготвува да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во наредната година и Олимписките игри во 2016.
XS
SM
MD
LG