Достапни линкови

30 милиони луѓе живеат во ропство


Околу 30 милиони луѓе живеат во ропство низ целиот свет, според податоците во најновиот извештај за индексот на глобалното ропство за 2013 година на австралиската група за човекови права „Walk free“. Во извештајот е наведено дека луѓето се принудени да работат како сексуални робови, да вршат физички работи и жртви се на ропство поради долгови или се родени потчинети.
Речиси половина од робовите се во Индија, иако ропството е забележано во 162 земји. Според извештајот во Кина има 2,9 милиони робови, во Пакистан 2,1 милиони, а во Русија 516 илјади.
XS
SM
MD
LG