Достапни линкови

logo-print

Сè уште има непријавени ромски деца во Прилеп


Ромската населба Тризла во Прилеп.

Ромската населба Тризла во Прилеп.

Само во рок од еден месец во прилепската населба Тризла се пронајдени пет деца на возраст од три до 18 години кои не биле заведени во матичните книги.

Пет деца без идентитет, почнувајќи од три, па до 18-годишна возраст се откриени во ромската населба Тризла во Прилеп, само во рок од еден месец. Нивните родители не сакаат да зборуваат за причините поради кои нивните деца сè уште не се запишани во матичната книга на родените. А, тоа значи дека не можат да остварат ниту едно од своите граѓански права, почнувајќи од првото кое е нужно со раѓањето - право на адекватна здравствена заштита.
Имаме изводи, ама немаме пари да извадиме лична карта, немаме пари, се нема, за тоа, ама затоа велам дека не знам што да кажам не ми е јасно.

Не само родителите, за проблемот многу не сакаат да зборуваат ниту жителите на населбата. Едвај со многу напори успеавме да најдеме неколку соговорници, во населба каде живеат околу 8.000 Роми. На прашањето зошто продолжува практиката на непријавувањето на новородените во матичната книга на родени, тие имаат свое објаснување.
Џенгис Бериша, жител на населбата Тризла.

Џенгис Бериша, жител на населбата Тризла.


„Имаме изводи, ама немаме пари да извадиме лична карта, немаме пари, се нема, за тоа, ама затоа велам дека не знам што да кажам не ми е јасно.“
Честиот проблем за нередовното запишување на децата во матичната книга на родените се должи на тоа што родителите се неинформирани или станува збор за неписмени родители кои што не можат да ги запазат административните работи.

„Зависи од нивното размислување, можеби станува збор за немање на финансиски средства или од незаинтересираност, тоа“, велат овие двајца жители на населбата Тризла.

Младиот Џенгис Бериша е жител на населбата и еден од ретките којшто добро го лоцирал проблемот.
Несиме Салиоска од невладината организација РОМА С.О.С.

Несиме Салиоска од невладината организација РОМА С.О.С.


„Честиот проблем за нередовното запишување на децата во матичната книга на родените се должи на тоа што родителите се неинформирани или станува збор за неписмени родители кои што не можат да ги запазат административните работи“, вели младиот Бериша.

Децата без идентитет, или таканаречените деца фантоми ги открила невладината организација РОМА С.О.С. низ својата секојдневна активност, пружајќи бесплатна правна заштита на овие социјално загрозени граѓани.
Сите овие деца за кои станува збор, се деца кои се родени во домашни услови, самата постапка за упис дава потреба за собирање на дополнителни документи за да се докаже крвното сродство на детето со родителите, за која што постапка детето и родителите не се во можност да ги обезбедат.

„Сите овие деца за кои станува збор, се деца кои се родени во домашни услови, самата постапка за упис дава потреба за собирање на дополнителни документи за да се докаже крвното сродство на детето со родителите, за која што постапка детето и родителите не се во можност да ги обезбедат и на тој начин всушност ја изоставуваат нивната обврска да ги пријават овие деца во матичната книга на родените“, вели Несиме Салиоска од невладината организација РОМА С.О.С.

Постапката пропишана од Министерството за правда, велат од невладината, е обемна и сложена за овие граѓани, па се сомневаат дека ако не се направат измени, во смисла на намалување на давачките, кои само за ДНК анализа за крвно сродство чинат баснословни 18.000 денари за лица кои едвај преживуваат со или без социјален надоместок не повеќе од 1.600 до 2.000 денари.

„Државата мора да има добра волја и да излезе во пресрет на потребите на овие граѓани со цел да се евидентираат истите тие деца во системот на државата и на тој начин да им се обезбедат услови да ги остварат сите нивни права. Меѓутоа и на тој начин да има контрола државата над бројот на граѓани коишто живеат на територијата на Република Македонија“, додава Салиоска.

Невладината РОМА С.О.С. доставила барање до надлежното министерство за олеснување на постапката за докажување на крвно сродство, но и за ослободување од трошоците на овие социјално загрозени семејства. Во спротивно, велат од невладината, бесмислени ќе бидат напорите на државата да се реши или во најмала мера да се ублажи проблемот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG