Достапни линкови

ЕК инсистира и на економски реформи на Балканот


Земјите кои сакаат да и се приклучат на Европската Унија мора да направат поголем економски прогрес, препорачува Европската Комисија, меѓу другото, во извештајот за напредокот на земјите од Балканот. Проширувањето и натаму е една од најефикасните политики на Европската Унија, изјави евро-комесарот Штефан Филе, додавајки дека на тој начин се зајакнуваат политичката и економската стабилност во земјите аспиранти за членство, но и на Унијата во целина. До сега фокусот беше ставен врз владеењето на правото и фундаменталните слободи, а годинава Европската Комисија инсистира и на економските реформи и конкурентноста, бидејки, како што е констатирано, ниедна од земјите од западен Балкан, нема функционална пазарна економија.
XS
SM
MD
LG