Достапни линкови

Амнести Интернешнел го критикува апсењето имигранти во Москва


Амнести Интернешнел го осуди масовното апсење на имигрантски работници во делови од Москва. Според Амнести, апсењето на над 1.200 имигранти од централна Азија и Кавказот е класичен пример на дискриминаторска политика од страна на руските власти. До апсењата дојде во понеделникот како одговор на убиството на едно руско момче, за кое е осомничен работник од Азербејџан. Убиството предизвика и масовни анти-имигрантски протести во делови од Москва.
XS
SM
MD
LG