Достапни линкови

Холандски дипломат претепан во Москва


Висок холандски дипломат бил претепан во својот дом во Москва, но тој не бил потешко повреден. Две лица дошле во неговиот дом, претставувајки се како електричари и откако го претепале, на огледалото му напишале ЛГБТ, што е кратенка за геј популацијата. Холандското министертво за надворешни работи, во Хаг, го повикало рускиот амбасадор да даде објаснување за инцидентот. До ова доаѓа на неколку дена откако Русија бараше извинување од Холандија за наводното претепување на руски дипломат од страна на холандската полиција.
XS
SM
MD
LG