Достапни линкови

Хрватскиот претседател Јосиповиќ во посета на Србија


Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ денеска ја почнува дводневната посета на Србија. Во првиот ден тој ќе се сретне со својот српски колега Томислав Николиќ, како и со премиерот Ивица Дачиќ и со претседателот на парламентот Небојша Стефановиќ, по што ќе им се обрати на пратениците. Предвидена е и средба со претставници на здруженијата на бегалци.
Ова е втора посета на Јосиповиќ на Белград и негова прва официјална средба со Николиќ од неговиот избор за претседател на Србија во минатата година.
XS
SM
MD
LG