Достапни линкови

Завршуваат разговорите за иранската нуклеарна програма


Денеска во Женева завршуваат дводневните разговори меѓу светските сили и Иран за нуклеарната програма на оваа земја. Иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи го опиша како позитивен првиот ден од разговорите. Тој истакна дека Иран предложил нов план, со капацитет за постигнување напредок, кој би вклучувал постепено намалување на програмата за збогатување на ураниумот, што е клучно барање на шесте сили.
Подоцна Аракчи имаше одвоена средба со американскиот преговарач Венди Шерман, која американски претставници ја нарекоа корисна.
Техеран бара олеснување на меѓународните санкции за одредени отстапки. Иран тврди дека тајно не развива нуклеарно оружје, за што е обвинет од Западот. Разговорите ги водат претставници на Иран, Британија, Кина, Франција, Русија, САД и на Германија.
XS
SM
MD
LG