Достапни линкови

Судот ќе ја разгледува жалбата на Навални


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Судот во рускиот град Киров денеска ќе ја разгледува жалбата поднесена од Алексеј Навални, врвна фигура на опозицијата. Тој во јули беше осуден на пет години затвор за кражба од големи размери, но му беше дозволено да остане на слобода се до разгледувањето на жалбата.
Навални, блогер против корупцијата во руската елита, помогна во организирањето на најголемите протести против претседателот Владимир Путин, поттикнати од сомневањата за измами на парламентарните избори во декември 2011 година. Навални и неговите поддржувачи тврдат дека случајот против него е обид на Кремљ да го замолчи еден од најгласните критичари на Путин.
XS
SM
MD
LG