Достапни линкови

Во Москва приведени стотици демонстранти


Полицијата во Москва приведе стотици млади луѓе кои протестираа вчера поради убиството на етнички Русин во еден јужен кварт во главниот град на Русија. Полициската акција следува неколку часа откако властите уапсиле работник мигрант осомничен за убиството. Полицијата соопшти дека го уапсила Орксан Зејналов по потекло од Азербејџан, кој според медиумите, пружал отпор кога специјалните сили се обиделе да ги уапсат во Коломна, мал град во близина на Москва.
Зејналов е обвинет дека го убил Јегор Шчербаков пред неговата девојка, кога тие се враќале дома во четвртокот навечер. Ова убиство предизвика протести во овој регион, каде што живеат и работат голем број мигранти.
XS
SM
MD
LG