Достапни линкови

logo-print

Времето денеска облачно со дожд


Времето во Македонија ќе биде облачно и нестабилно. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за пет до шест степени.
Утринската температура се движи од 10 до 16, а дневната ќе биде од 16 до 22 степена.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремен дожд и со услови за појава на грмежи. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

И утре ќе дува засилен северен ветер. В петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво. Се очекува раст на температурите.
XS
SM
MD
LG