Достапни линкови

Подметнат пожар во џамија во Украина


Крим, џамија

Крим, џамија

Полицијата во Украина ги истражува инцидентите со палењето на две џамии на Крим. Муслиманските верски лидери соопштија дека непознати напаѓачи денеска подметнале пожар во џамија во селото Ривне, во време кога муслиманите се подготвувале за прослава на Крбан Бајрам. Во неделата сличен инцидент се случи во џамија во градот Саки. Од 2010-та досега имаше неколку напади врз џамии на Крим, но досега никој не одговараше за инцидентите. На Крим живеат околу 250.000 муслимани. Станува збор за кримски татари кои се вратија таму во 80-тите години од централна Азија каде што биле депоритирани од Сталин во 1944-та.
XS
SM
MD
LG