Достапни линкови

Над 90 загинати во земјотресот на Филипините


Филипини, 15.10.2013

Филипини, 15.10.2013

Над 90 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 7,2 степени, што денеска ги погоди Филипините. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Кармен, на островот Бохол, каде што многу објекти се урнале, а биле оштетени патиштата и мостовите. Властите страхуваат дека бројот на загинати можеби не е конечен.
XS
SM
MD
LG