Достапни линкови

ЕК загрижена за медиумската ситуација во Македонија


Европската Комисија ќе препорача почеток на преговорите за членство во Европската Унија со Македонија, петта година по ред. Меѓутоа, Македонија ќе остане закочена во процесот на евро-интеграција поради нерешениот спор со Грција за името. Во нацрт извештајот на Комисијата, во кој имаше увид Радио Слободна Европа, Брисел ја критикува Македонија за корупцијата и судството, а се изразува и загриженост во врска со слободата на медиумите. Наведено е дека се намалува медиумската понуда, а оти преостанатите медиуми се драстично поделени по политички линиии, што резултира со многу ниски новинарски стандарди. Инаку, извештајот ќе биде објавен утре.
XS
SM
MD
LG