Достапни линкови

Преговори, но и натаму конфузна ситуација со американскиот буџет


Републиканците во американскиот Претставнички дом соопштија дека се надеваат оти ќе помине нивната верзија во врска со буџетот за отворање на федералната влада и за спречување на можната должничка криза. Предлогот, кој е различен со планот за кој преговараа републиканците и демократите во Сенатот, предвидува концесии во врска со здравствените реформи на претседателот Барак Обама, кои веќе се поминати како закон. Известувачите од Вашингтон сметаат дека планот на Републиканците е обид за спречување на планот на Сенатот. Во меѓувреме, во Сенатот продолжуваат преговорите меѓу републиканците и демократите за надминување на буџетската криза.
XS
SM
MD
LG