Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши притисок врз судот


Собирот на СДСМ кој денеска го организираа пред Основниот суд е класичен пример за вршење политички притисок врз независната судската власт. Зоран Заев се дрзна дури и да дели насоки како судот треба да работи, се вели во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев и Андреј Жерновски.
- Никој во Република Македонија, ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не смее да се меша во работите на судската власт, а уште помалку да одлучува и да дели насоки какви постапки ќе превземаат легитимните судски органи. СДСМ во многу наврати наназад покажа дека не ја почитува самостојноста на судската власт во ситуации кога некој член од највисокото раководсвто на СДСМ е обвинет за криминал, стои во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата ги повикува СДСМ и Жерновски да престанат да користат, како што стои, уцени и лаги, со цел да го заштитат Мирослав Шиповиќ, за кого надлежните институции имаат основано сомнение дека сторил криминал.
XS
SM
MD
LG