Достапни линкови

„Трансферату“ за отворање на независниот „Интимен театар“


Со премиерната изведба на „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска, во сабота на 19 октомври, во 23 часот, во Битола и официјално ќе биде отворена првата независна, приватна и професионална театарска куќа „Интимен театар“. Претставата е работена по текст на бугарските автори Младен Алексиев и Станимир Панајотов, а играат актерите Маја Андоновска и Здравко Стојмиров.

По три години опстојба на сцената, четири независни и храбри постановки, „Интимен театар“ добива свој покрив над главата. На улица „Стив Наумов“ број 35 во Битола, со саботната премиера на „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска, и официјално ќе бидат отворени портите на првата независна, приватна и професионална театарска куќа во Македонија која е направена без надворешни инвестиции. Станува збор за место каде што, како што вели Ристевска, креативните театарџии без стеги ќе имаат можност да го искажат своето уметничко „јас“.
Овде ќе канам нови театарски имиња и луѓе со кои што сметам дека е вредно и дека треба да се работи. Ќе давам шанса на многу млади театралии, како глумци и други театарски дејци, да се искажат и да ги имаат своите изјави на мојот простор, така да мислам дека тоа е еден голем плус во целата оваа историја.

„Од 2003 година, од моето дипломирање наваму, значи цела една декада работам на професионалната театарска сцена и досега сум реализирала 27 проекти од кои половината се независни. Тоа подразбира дека не случајно сум на тоа поле и делувајќи во други опкружувања заклучив дека најдобро и најудобно за мене ќе биде да имам свој простор. Просторот кој што го имаме во Битола е во семејна сопственост и е целосно од лични донации. Значи е приватен и тотално независен. Тоа ни овозможува да го водиме нашиот репертоар, да настапуваме со претстави за кои што ние сметаме дека се релевантни. Тоа ќе ми овозможи мене лично да се пројавам не Софија Ристевска, режисер.

Софија Ристевска, режисер.

само како режисер туку и како менаџер. Овде ќе канам нови театарски имиња и луѓе со кои што сметам дека е вредно и дека треба да се работи. Ќе давам шанса на многу млади театралии, како глумци и други театарски дејци, да се искажат и да ги имаат своите изјави на мојот простор, така да мислам дека тоа е еден голем плус во целата оваа историја.“
Го одбрав „Трансферату“ затоа што во него на еден современ и модерен начин се претставени проблемите на луѓето во општеството. Станува збор за сторија во која една девојка сака да си направи пластична операција и својот човечки лик да го смени со лик на коза. Од тука сите феномени, социолошки, психолошки, културолошки односи на општеството кон индивидуата можат да бидат испитани.

За оваа пригода, Ристевска одбра да го постави на сцена текстот „Трансферату“ на своите добри пријатели од соседна Бугарија – колегата режисер Младен Алексиев и философот Станимир Панајотов, а во претставата играат актерите Маја Андоновска и Здравко Стојмиров.

„Го одбрав „Трансферату“ затоа што во него на еден современ и модерен начин се претставени проблемите на луѓето во општеството. Станува збор за сторија во која една девојка сака да си направи пластична операција и својот човечки лик да го смени со лик на коза. Од тука сите феномени, социолошки, психолошки, културолошки односи на општеството кон индивидуата можат да бидат испитани. Значи, да видиме како индивидуата која е различна од останатиот дел на општеството е осудувана. Но од друга страна, се работи и за отуѓувањето на човекот од групата во која што живее, за се поголемото отуѓување помеѓу луѓето и за се потешкото пласирање на индивидуализмот напред на фонот на генералната глобализација и на нормите со кои што сите ние живееме.“

Режисерката дополнува дека претставата е направена на документарен принцип, дека сторијата е раскажана реалистично и со помош на автентичните аудио материјали всушност се брише границата помеѓу реалноста и фикцијата.

Инаку, по премиерната изведба на „Трансферату“ предвидени се уште три репризи во текот на идната недела, а потем во „Интимен театар“ ќе започнат со подготовките за новиот проект кој е планирано да го работи режисерот Јован Ристовски. Претставата се очекува да биде завршена некаде до крајот на декември оваа година, а дотогаш од независниот театар велат дека за нив најбитно е да го постават на нозе сопствениот репертоар и да создадат јадро на публика која со нагласено внимание ќе ги следи случувањата во овој храм на уметноста и на слободата.

„Следниот чекор е продуцирање на претстави од мои колеги, поставување на сите мои досегашни независни претстави како „Љубовницата“, „Лола“ ...на репертоар, со тоа и водење грижа за редовен тековен репертоар во оваа наша институција и конечно создавање на една локална група на луѓе која што активно ќе доаѓа да ги посетува претставите. Значи, лобирање за завземање на место во локалната заедница“, вели режисерката Ристевска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG